Живот и Стил

Внимавајте со јајцата, не смеете да се прејадете

Внимавајте со јајцата, не смеете да се прејадете

По долгиот пост за Велигден треба да се внимава со храната, бидејќи често доаѓа до прејадување, мачнини, па дури и труење, и нередок случај е некој да заврши во болница.

Сите кои постеле едвај чекаат да вкусат јајца, месо и масна храна, а најчесто се случува да се прејадат и да си создадат здравствен проблем.

Особено треба да се внимава со јајцата кои се симбол на Велигден, па овој неработен ден да не претерате со нив. Тие имаа холестерол и ако се консумираат во големи количини предизвикуваат закрчување на артериите.

Изедете едно до две јајца најмногу и внимавајте и со масната храна и пиењето, за да не му направите шок на организмот.

To top