Живот и Стил

Внимавајте: Ова се раните симптоми на дијабетесот

Внимавајте: Ова се раните симптоми на дијабетесот

Дијабетес тип 2 може да предизвика сериозни компликации како откажување на бубрегот и слепило, а го зголемува и ризикот од срцев и мозочен удар. Поразителен е фактот кој покажува дека 30 проценти од лицата кои ја имаат оваа болест не се ни свесни за тоа.

 

Симптоми на кои треба да обрнете внимание?

Зголемена жед и често мокрење. Како што вишокот шеќер се вградува во крвотокот, така течноста се повлекува од ткивото. Поради тоа сте повеќе жедни од вообичаено. Како резултат, ќе конзумирате повеќе течности и ќе уринирате повеќе од вообичаеното.

Зголемен глад. Без доволното количество на инсулин за шеќерот да се пресели во ќелиите, вашите мускули и органи ќе останат без енергија. Тоа предизвикува интензивен глад.

Губење на тежината. Иако јадете повеќе од вообичаено, сепак може да се случи и да загубите дел од тежината. Без способноста да ја користи гликозата, телото ги користи алтернативните горива кои се наоѓаат во мускулите и салото. Калориите се губат, додека вишокот гликоза се наоѓа во урината.

Замор. Кога клетките се лишени од шеќер, ќе се чувствувате уморно и нервозно.

Заматен вид. Ако шеќерот во крвта е премногу висок, од леќите во очите се повлекува течноста. Тоа ќе влијае на способноста за фокусирање на видот и ќе предизвика заматување.

Рани кои бавно заздравуваат или чести инфекции. Дијабетес тип 2 влијае на способноста на заздравувањето и отпорноста на инфекции.

Области со темна кожа. Некои лица со дијабетес тип 2 имаат темни дамки, рапава кожа во набори под пазувите и вратот. Таа состојба, наречена акантоза нигрикан, може да биде знак на инсулинска резистенција.

извор:скопјеинфо.мк

To top