Меган Маркл е позната по тоа што практикува јога, но и дека гледа што јаде. Ја откривме тајната на нејзината диета:
Поголемиот дел од времето следи веганска диета
И самата тоа го потврди пред неколку години, и вели дека во текот на неделата се обидува да ја следи таа диета, а знае да си удоволи со нешто повеќе за време на викендот. Експертите се согласуваат дека ова е добар начин на исхрана бидејќи веганската диета ќе овозможи внесување на сите потребни хранливи материи, а она што не може да се внесе преку храната, се внесува преку додатоци.
Бидејќи си дозволува повеќе за време на викендите, тоа значи дека веројатно нема да има проблеми со недостаток на внес на витамини и минерали.
Закуските се здрави
Таа рече дека нејзиното омилено задоволство е јаболка со путер од бадем и малку морска сол, а нутриционистката Ејми Горин смета дека тоа е фантастична закуска бидејќи обезбедува влакна, протеини и здрави мас.
Таа не пие кафе, туку зелен сок
Во едно интервју што го даде во 2016 година за Делиш, таа спомена како користи зелен сок за да ја разбуди попладне. Нутриционистите сметаат дека овој сок е одличен за хидратација, а освен тоа нуди витамини и минерали од зеленчукот што го содржи – кељ, спанаќ, ѓумбир, јаболко и лимон.
Таа обожава чај од комбуха
Таа во една прилика изјави дека навистина и се допаѓа овој чај, кој има малку кисел вкус, па затоа не е омилен пијалок за секого. Но, бидејќи е извор на пробиотици, секако помага при варење. Иако сè уште нема доволно докази за тоа колку овој чај дава придобивки на организмот, експертите советуваат дека не е најдобро да се пие за време на бременоста, па таа веројатно го оставила да го пие овој чај за после породувањето.
Сака омега – 3 масти
Меган Маркл за магазинот „Best Health“ изјави дека нејзиниот омилен ручек е суши без бел ориз. Нутриционистите, се разбира, сметаат дека ова е одличен избор бидејќи содржи омега 3 масни киселини, кои се апсолутно неопходни за одржување на здравјето на организмот. Исто така е одличен начин да внесете помалку калории во организмот.
Водата и е најважна
Кога глумешe, утрото го започнуваше со топла вода со лимон, а кога влезе во кралското семејство е можно таа навика да ја заменила пиејќи чај. Водата е секако здрава и потребна за организмот, а ако во неа се додаде малку лимон, таа ќе биде повкусна, но исто така ќе обезбеди внес на витамин Ц.
Антиоксидансите се приоритет
Јасно е дека таа не ги прескокнува кога ќе го погледнете нејзиното лице – кожата и е беспрекорна, без дамки и црвенило. Таа верува дека во тоа и помага диетата без глутен, но и нејзината љубов кон бобинки и крие неколку витамини, влакна и антиоксиданти.
Маркл сака да подготвува појадок претходниот ден
Меган обожава пудинг од семе од чиа. Ако сакате само да го пробате тој појадок, едноставно подгответе го, додадете ореви за влакна и протеини, свежо овошје како природен засладувач и ако сакате некое чоколадо, направете го повкусен со него.
извор: Попара.мк