Македонската учесничка во „Ѕвездите на Гранд“, битолчанката Марија Груевска, уште од почетокот на своите настапи во шоуто, сфати дека покрај добро пеење,неопходен е и добар изглед.
Секое следно појавување таа ги воодушевува публиакта и жирито пред се со впечатливата костимографија.
View this post on Instagram
Кога сме кај нејзиниот изглед, Марија очигледно вложува во себе, па периодов реши да ја смени насмевката, односно да ги избели забите до блескавост.

Неколку дена се препушти во рацете на докторката и постојано објавуваше моменти каде е седната на забарското столче.

Кога најпосле заврши постапката, Марија не престана да ја покажува својата нова насмевка која зрачи од белина, а и да направи споредба како беше претходно и сега.


Дека е задоволна е очигледно, докторката завршила добра работа, а Марија сега уште посамоуверено ќе се смее пред камерите и публиката.