Владо Јаневски деновиве го промовираше и спотот за неговата нова песна „Без тебе не ме бива“. Видеото се снимаше на покривот на ГТЦ, а Владо, иако одамна вели дека не сака да се појавува во своите спотови, во овој само тој и никој друг, ја има главната улога.
Ова е прво видео на Владо, со кое го прекина десет месечниот музички пост, откако лани во јуни ја промовираше песната „Час те волим, час те мрзим“.
Спотот за „Без тебе не ме бива“ е во реализација на Томато продукција“, а истиот беше промовиран деновиве.
Ова е трета песна што ќе се најде на новиот албум на Јаневски, а кој ќе излезе како издание на „Кроација рекордс“.
За нумерата „Без тебе не ме бива“ самиот Владо ги напиша текстот и музиката. Аранжманот и продукцијата на песната e дело на Никша Братош, во чие „НБ студио“ во Загреб како и во скопското „Ентерпрајс“ на Валентино Скендеровски се снимаше истата.
Пред излегувањето на спотот, песната со стиховите беше објавена во форма на лирик видео, а ова сега е официјалната верзија на видеото за „Без тебе не ме бива“.