Во потрага по здрав десерт наидовме на овој рецепт кој веруваме дека ќе ви се допадне. Подготовката е лесна и брза и не одзема многу време. Во продолжение прочитајте како да го подготвите ова слатко задоволство.
Потребни состојки:
200 грама какао путер
2 лажици кокосово масло
150 грама какао во прав
3 лажици јаворов сируп
1 лажица лецитин
Малку сол
Потребни состојки за слојот од бело чоколадо:
100 грама какао путер
1 лажица кокосово масло
3 лажици јаворов сируп
1 лажица лецитин
Начин на подготовка:
Растопете ги путерот и маслото, па додајте ги сите останати состојки. Добиената смеса поделете ја на два дела и во едниот дел додајте неколку лажички кокосово или бадемово млеко. Измешајте убаво.
За слојот од бело чоколадо растопете ги путерот и маслото, додајте ги преостанатите состојки и добро измешајте. Сега ќе имате три различни смеси кои треба да ги оставите да се изладат и малку да се зацврстат, а потоа во калапи за мафини ставете по една лажица од секоја мешавина и убаво измешајте.
Оставете ги во замрзнувач околу 30 минути и после тоа можете да ги послужите.
На здравје!
извор:кафепауза.мк