За овој сочен и брз намаз ќе ви треба само еден сад за подготовка и неколку парчиња леб, а тој ќе исчезне од масата пред да трепнете.
Без оглед на времето и местото, овој намаз брзо и лесно станува вкусно предјадење, појадок, вечера или само „солен грев“ што ќе ве натера брзо да „скокнете“ до фрижидерот.
Пршутата е една од најчестите намирници на италијанските трпези, која со задоволство ја додаваат во нивните традиционални јадења. Покрај пица, фокача или тестенини, пршута на брускети или само на чинија со малку маслинки и добро вино ќе ги израдува Италијанците.
Ако среде бел ден се најдете во центарот на Болоња, Фиренца или Милано со желба за чаша добро вино, келнерот со задоволство ќе ви донесе мала закуска од куќата, а пршутата секако ќе игра главна улога во претставувањето на вкусовите во чинијата. Како големи гурмани, Италијанците навистина сакаат да уживаат во секој залак, па затоа ценат кога гостите јадат полека, уживајќи во вкусовите.
Денеска споделуваме со вас едноставен намаз за пршута со кој без многу труд можете да го импресионирате семејството или гостите.
Состојки:
– 200 гр. пршута;
– 75 гр. путер;
– кромид;
– 5 мали кисели краставички;
– 1/2 лажичка девствено маслиново масло;
– 200 гр. намаз со сирење.
Состојки:
Ставете го намазот со сирење и путерот во сечкач и измешајте ги состојките за да избегнете грутки од путерот. Потоа, во смесата се додаваат маслиново масло, младиот кромид, кисели краставички и пршута и сè се меша додека смесата не се претвори во кремаст путер.
Добар апетит!
извор:точка.ком.мк