Рецептот за гриз е еден од оние кои се подготвуваат многу брзо и многу лесно,а е и многу евтин.
Следете ги овие неколку едноставни чекори и уживајте во кремасто,евтино задоволство.Кога ќе го истурите гризот во млекото, задолжително мешајте постојано за да не се формираат грутчиња.Еве како и вие да станете мајстор за гриз.
СОСТОЈКИ:
млеко – половина литар
гриз – пет лажици
шеќер – доза по ваш вкус
ПОДГОТОВКА:
Прво ставете го садот со млеко на шпорет и почекајте да зоврие.После тоа,малку намалете ја моќноста на шпоретот, а потоа додадете гриз и шеќер.
Мешајте додека смесата не стане доволно густа и не исчезнат сите грутки.Ако сакате,одозгора можете да ставите рендано чоколадо,некое овошје или нешто друго што ви се допаѓа.
Извор: Попара