Направете посебна салата со зелка, полна витамини.
СОСТОЈКИ:
- ½ главици зелка
- 1 морков
- 100 гр. пченка
- 1 краставица
- 3 струка магдонос
- маслиново масло, оцет и сол
ПОДГОТОВКА:
- Се чисти зелката и се ренда, па се става во сад.
- Се ренда и лупениот морков и се додава, па се става маслиново масло со оцет и сол.
- Се меша и се додава сечена краставица со пченка од конзерва
- Се украсува со магдонос.
извор: готви.мк