Радио Милева пофалби

Вистинска дама која се облекува модерно: Мајката на Ана Ивановиќ изгледа неверојатно (фото)

Вистинска дама која се облекува модерно: Мајката на Ана Ивановиќ изгледа неверојатно  (фото)

Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ, која неодамна стана мајка по трет пат, не ја пропушта можноста на светот да му ја покаже жената која и го подарила  живот, убавината и нежната природа.

Драгана Ивановиќ е жена која се држи до себе, а како што одминуваат годините не е ни чудо што се повеќе плени со својот изглед и изгледа неверојатно добро за своите години.

Гордата баба ја користи секоја прилика да и се најде на својата ќерка и да и помогне да ги подигне синовите, а и Ана го цени тоа.

Ана отсекогаш велеше дека нејзината мајка во секое време и била најголем поддржувач и дека тие две се исклучително блиски. Иако Драгана не сака да се експонира, често можеме да ја видиме на профилот на нејзината ќерка, кога тенисерката ги пишува нејзините пофалби и покажува колку и значи овој убав однос.

Да потсетиме, Ана стапна на лудиот камен во 2016 година кога со венчавка во Венеција се омажи со познатиот германски фудбалер Себастијан Швајнштајгер.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Ана Ивановиќ

To top