Чизмите над колена се популарни веќе неколку сезони, а советот на сите модни експерти е дека треба да се најдат во вашиот плакар и оваа есен.
Станува збор за многу впечатлив модел кој секој стајлинг може да го направи моќен. Ако ги искомбинирате со џемпер-фустан, ќе добиете феноменална модна комбинација во која ќе ви биде удобно, а истовремено ќе изгледате и тренди.
Ваквиот стајлинг е погоден за најразлични пригоди, од деловни до неформални.
Во продолжение ви предлагаме 5 најдобри аутфити по наш избор:
Комбинацијата на црвена и кафеава боја е полн погодок.
Црните чизми се секогаш во мода – оваа комбинација е како создадена за постудените и ветровити есенски денови.
Вака стилизирани сигурно ќе се најдете во центарот на вниманието – сѐ што ви треба се чизми во впечатлива боја.
Додајте шешир и комбинацијата веднаш ќе стане поженствена.
Земјените тонови се сигурен избор – овие нијанси одлично ѝ прилегаат на секоја дама.
извор:точка.ком.мк