Промотер

Викторија Лоба заедно со Марга Сол се… „Над небото“ (ВИДЕО)

Викторија Лоба заедно со Марга Сол се… „Над небото“ (ВИДЕО)

Feel It на англиски и „Над небото“ на македонски јазик се новите песни во  deep house стил кои Викторија Лоба на својот Јутјуб канал ги промовираше со видео записи. Автори на композициите се македонските продуценти Марга Сол и Darles Flow, а Лоба го креираше текстот за македонската верзија.

Песната официјално е издадена од M-Sol records на Spotify, iTunes, Beatport и останати музички мрежи, а Лоба вели дека и претставува задоволство соработката со двајцата еминентни музички продуценти, особено тоа што публиката ќе слушне различни синглови со светски звук.

Комплетниот музички пакет е финализиран со видео приказна изработена од Дарко Митев, а стилизирана од креаторот Папаз, со дејствие кое се одвива на преубавиот грчки остров Санторини.

Слушнете како звучат и изгледаат обете верзии на новата песна на Викторија Лоба:

 

 

To top