Викторија Јаначковиќ, една нашите најпознати манекенки и некогашна миусица, која по излетот во светот на политиката и завршувањето на студиите по стоматологија се врати во модниот свет како едно од заштитните лица на модната куќа ЕЛ, на социјалните мрежи сите ги шокираше со веста дека деновиве станала мајка!
Имено, на 26.01.2023 година Викторија на свет ќе донесе здраво и право девојче, кое го добило името Никита.
„Многу ми е антипатично кога една јавна личност ќе почне да излегува од „фрижидер“ поради нејзината бременост. Во бременоста не бев воопшто поразлична од другите жени. Го прескокнав оној дегутантен дел сликање со гол стомак. Со самото тоа, ретко кој освен моите најблиски и неколку пријатели знаеа што се случува“ – ќе изјави гордата мајка во своето прво интервју по бременоста за „Слободен печат“.
Инаку, како што љубопитните душегрижници веќе почнаа да прашуваат, таткото на детето не е и сопруг на Јаначковиќ, зашто како што самата вели, неам намера да се мажи за него, односно да стапи во брак по втор пат. Патем, таткото за нашата јавност е непознат, зашто е странец и не е државјанин на Македонија. Но тоа не значи дека таа и таткото на најзиното новородено дете не се во контакт, комуникација, добри релации и не се однесуваат како грижливи родители, без оглед што официјално не се врзани со никакво брачно парче хартија, односно не се венчани.
Инаку, несудената забарка во август 2016 година го смени приватниот статус, па куста врска влезе во брак со Никола Тасески. Замина да живее во Англија и оттогаш како да ја снема, се до нејзиното враќање во јавноста една година подоцна, кога обзнани дека се развела и нејзиниот прв и засега последен брак, завршил!
Што се однесува до стравот од бременоста и особено од породувањето заради поодминатата возраста во која Викторија за прв пат требаше да роди, во споменатото интервју самата ќе изјави:
„Имав патолошки страв од самото породување, „се простував од него“ што е необјасниво, бидејќи како за мене така и за сите жени, но не можев никако да се справам со стравот. Деветте месеци ги поминав во движење и работа, и не придавав многу значение на тој процес и правев сѐ контра од она што докторите ми го кажуваа. За среќа, тоа немаше никакви реперкусии врз Никита. Жива, здрава и права се роди. Топло препорачувам на сите идни мајки, секако доколку немаат прблематична бременост, да не се лигават и да си го слушаат своето тело што им кажува“.
За потсетување, Викторија Јаначковиќ на пошироката македонска јавност и стана позната во 1999 година кога беше придружничка на Мисот на Македонија. Се појавуваше на разни модни настани и едиторијали како манекенка и модел, а потоа дипломираше на Медицинскиот факултет на отсекот за стоматологија.
Но, таа преку ноќ стоматолошката ординацијата реши да ја замени со канцеларијата, па откако влета во политиката, стана шефица на кабинетот на тогашниот заменик министер за култура – Драган Недељковиќ, во времето на владеењето на владата на премиерот Никола Груевски.
Фото: Инстаграм принтскрин/viktorija.janackovic/привана архива