Најмладиот син на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, Виктор Живојиновиќ повеќе од една година ужива во емотивната врска со Сандра Миљковиќ.
Во последно време многу се зборуваше за нивната врска, дали живеат заедно и дека наводно короната ги спречила да стапат во брак.
„Ова ми беше многу успешна година. Започнав два нови проекти, отворив сплав и фирма за перење, така да имав успех на професионален и љубовен план. Се покажа дека со труд и напор може да ги остварам целите“, вели Виктор.
На прашањето дали му пречи што неговата врска со Сандра е под лупа, тој вели:
„Не, затоа што тоа е нешто што нашата мајка не подготвуваше уште од раѓањето – дека ќе мора да живееме така цел живот. Понекогаш може да ми здодее, но тоа не е стрес. Ние сме само препознатливи деца, не сме големи sвезди за да некој трча по нас“, вели Виктор.
Тој откри дали неговата девојка се прилагодила на таквиот начин на живот.
„ Сандра е малку постара од мене, таа е образована … Разговаравме многу за тоа, бидејќи е непријатно како некој ја разбира нашата врска. Некои мислат дека таа е тука бидејќи од корист, а некои велат – „убаво им е, уживаат“. Тоа е до луѓето. Но, успеа брзо да се прилагоди“.
Живојиновиќ откри дали и живеат заедно.
„Не живееме заедно, се гледаме секој ден. Уште е рано за тоа. Сакам прво да се реализирам како Виктор Живојиновиќ, па после ќе правам свадба и деца. Имам 22 години, а луѓето сакат да ме женат. Во врската мора да постои многу почитување и искреност. Тоа е единствени успех за врска“, вели синот на Лепа Брена.
На прашањето каква домаќинка е Сандра, Виктор вели:
„Таа одлично се покажа, има сериозно знање. Доаѓа од домаќинско семејство, а знаете како велат – се се гледа како не научиле родителите, а таа е вистински доказ за тоа“.