„My Apology или „Моето извинување“ е насловот на штотуку објавената соработка на нашиот Виктор Апостоловски и американскиот колега Хорн Метју или Јанг Гифтед, чие видео се снимаше токму овде, во Македонија.
Музичарите ги споил американскиот продуцент Ерик Карлсон, кој е и автор на музиката, а видеото е дело на Борнео Седеу Нишевиќ.
„Сите правиме грешки во животот. Некои од најголемите грешки што сум ги направил беа со љубовта на мојот живот. Ова е моето извинување за тебе, љубовта на мојот живот. Се надевам дека ќе го прифатиш и ќе знаеш дека навистина го мислам тоа…“, напиша Хорн во описот за новото видео.
Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.