Живот и Стил

Виенска торта која никого не остава рамнодушен

Виенска торта која никого не остава рамнодушен

Оригинален рецепт за десерт број еден од елитните слаткарници

Состојки:

125гр путер

100 гр шеќер

5 јајца

100 гр мелени бадеми

50гр мелени бисквити

100 гр растопено чоколадо за готвење

20гр брашно

1 лажица цимет

За фил:

1дл млеко

150 гр шеќер

100 гр чоколадо за готвење

100гр путер

Глазура:

100 гр чоколадо

5 лажици масло

Подготовка:

Прво, направете го филот ставајќи ги сите состојки во тенџере, мешајќи и кога ќе зоврие варете 5 минути со постојано мешање.

Префрлете го филот во плех испрскан со вода и оставете да се излади.

Изматете го путерот со 50 гр шеќер и жолчки, а потоа додадете ги белките изматени со преостанатиот шеќер.

Измешајте ги другите состојки и соединете ги со путерот и јајцата.

Подмачкајте го плехот со путер, посипете со брашно и истурете ја подготвената маса.

Печете во загреана рерна на 200С 40 минути.

Кората е печена кога ќе се оддели од рабовите на плехот, а со нож може да проверите и така што ќе ја прободете во средината и ако нема ништо на ножот кога ќе го извадите тогаш кората е печена.

Испеченото тесто извадете го од калапот, пресечете го попречно за да добиете 3 кори и оставете ги да се оладат.

Изфилувајте ја долната и средната кора со подготвениот крем и одозгора ставете ја најтесната кора.

Растопете го чоколадото со маслото и прелијте ја тортата.

Наредете ги бадемите на средина.

извор:попара.мк

To top