Живот и Стил

(ВИДЕО) За изградба на оваа куќа потребни се 6 часови, а можете да ја преселите каде ќе посакате

(ВИДЕО) За изградба на оваа куќа потребни се 6 часови, а можете да ја преселите каде ќе посакате

Монтажна куќа која се составува за шест часови и чини помалку од 29.000 евра, можеби е иднината за преселувањето или градење на нов дом, бидејќи не можете да замислите побрза и полесна изградба на нов простор за живеење.

Според потребите, куќата можете да ја префрлите на друго место доколку сакате да се преселите иако е веќе изградена. Зад оваа неверојатна иновација стои комапанија од Италија, а нејзин креатор е познатиот архитект Ренато Видал.

За оваа куќа потребни се само тројца за да ги состават деловите и елементите и да создадат прекрасана куќа, а за тоа им се потребни од 6 до 7 часови. Во зависност на квадратурата која ја посакувате, цената варира од 29.000 за куќа од 27 квадратни метри до 62.000 евра за 84 квадратни метри.

Објектот е отпорен на земјотрес, има соларни плочи, ЛЕД осветлување. Важно е да се напомене дека ваквите куќи можат да се изградат на било кое место без бетонски темели.

Куќата може да се сруши и повторно да се состави доколку сакате да се преселите во друг град или друга населба. Погледнете го и видеото каде можете да го погледнете забрзаниот приказ на градењето на овој модерен дом како за миг се претвара во конечен производ, заедно со врати и прозорци.

извор:точка.мк
To top