Верувале или не, цедалката што ја користите во кујната е одлична алатка за совршени кадрици.
Некои жени дури велат дека овие кадрици изгледаат многу поубаво и поприродно отколку кога користат преса за коса или фигаро. Тие делуваат како мали федерчиња што се разлетуваат на секое движење.
Сè што треба да направите е да ја поделите косата во неколку делови, додека е уште мокра, и така дел по дел да ја ставате во цедалката додека ја сушите со фен, притоа држејќи ја во висина на главата. Погледнете го следново видео за подетални инструкции и пишете ни дали сте задоволни ако решите да го пробате овој трик!
извор:кафепауза.мк