Македонскиот пејач Влатко Илеивски во петокот беше пронајден мртов во неговиот автомобил „Тојота“ на булеварот „Трета македонска бригада“.
На неговото тело не биле пронајдени траги од насилство, а причината за неговата смрт се истражува.
Неговивте колеги, пријатели изразија сочуство до најблиските на пејачот, а Влатко вчера беше погребан на гробиштата во Ѓорче Петров.
Последен поздрав му дадоа неговите колеги меѓу кои Сашко Коцев, Мартин и Драган Вучиќ, Марјана Станојковска, Дани Димитровска, Сања Николиќ и Слаткар…
Влатко неколку дена пред смртта давал интервју за „1ТВ“, а на интервјуто пристигнал насмеан и расположен.
Еве како изгледа најавата за необјавеното интервју, кое денес ќе може да го погледнете „1ТВ“ во 17часот.