Лажна лазања повкусна и од оригиналниот рецепт. Неодоливи залаци детално прикажани на видео рецептот.Ова е се што ви е потребно:
СОСТОЈКИ:
- 500 гр. тестенини по избор
- 1 шолја вода
- сол
ЦРВЕН СОС:
- 400 гр. мелено месо
- 200 мл. домати варени
- 100 мл. масло
- 1 главица кромид
- 4 чешни лук
- 2 лажички вегета
- 2 лажички црвен пипер
- 1 лажиче оригано
- бибер
- 100 мл. кечап
БЕШАМЕЛ:
- 200 мл. млеко
- 1 лажица брашно
- 4 лажици масло
- 350 гр. кашкавал
- сол
- бибер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Загрејте ја рерната на 230 степени, подмачкајте огноотпорен сад и ставете тестенини, вода и сол. Измешајте и ставете ги во врела рерна 10 минути да омекнат.
- Подгответе ги во меѓувреме двата вкусни соса.
- Се сече лукот и се динста на масло со мелено месо, зачини, домати, кромид, па се крчаат 10 минути. Во друга тава загрејте масло и испржете брашно со млеко, па сол и бибер.
- Додајте му кашкавал на белиот сос.
- Извадете ги тестенините, ставете црвен сос, измешајте, па ставете бел сос.
- Ставете оригано и вратете да се пече 15 минути.
- Пред крај тргнете го капакот да се зарумени.
- Пријатно!
Ова е деталната подготовка:
извор:готви.мк