Оваа 2017 година фолк пејачката Сузана Гавазова ја заокружува со уште еден убав повод за славење – својот роденден.
Бидејќи периодов со своето семејство, сопругот и двете ќеркички е во родната Струмица, токму таму во кругот на блиските членови од семејството и пријателите го прослави својот 38-ми роденден.
Прославата се случи во една струмичка кафеана каде целиот простор беше резервиран само за пејачката.
Музиката во живо и пееше на увце, трпезата беше од богата, побогата, а пак таа видно расположена не додржа, а да не им запее на присутните, особено специјално да отпее за својот сакан сопруг.
За да ја долови атмосферата од прославата, Сузе вчеравечер беше постојано вклучена во живо на својот Фејсбук профил, па нејзините бројни обожаватели можеа виртуелно да „присуствуваат“ на нејзиниот посебен ден.
Каква беше славеничката атмосфера, гледате во продолжение: