Кога еднаш ќе ги пробате, ќе ги правите постојано!
СОСТОЈКИ:
500 мл слатка павлака
400 гр бело чоколадо
300 гр кокос
100 гр кокос за посипување
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Загрејте слатка павлака до вриење. Прелијте преку белото чоколадо и мешајте додека не се растопи. Додајте кокос и добро измешајте. Смесата оставете ја да се излади и стегне.
Со лажичка земајте од смесата и обликувајте топчиња. Секое топче извалкајте го во кокос. Изладете и послужете.
Уживајте!
извор:готви.мк