Живот и Стил

Ви опаѓа косата? Пристигнува неочекувана помош од едно слатко задоволство

Ви опаѓа косата? Пристигнува неочекувана помош од едно слатко задоволство

Темното чоколадо е подобра и здравствено поприфатлива алтернатива во споредба со другите видови чоколадо, а многу истражувачи тврдат дека може да помогне во решавање на многу телесни проблеми, особено оние кои се однесуваат на косата и кожата.

Темното чоколадо е варијација на чоколадо кое содржи какао масти, какао путер, но без млеко кое се наоѓа во обичното млечно чоколадо. Ако имате проблем со косата и нејзиното екстремно опаѓање, тогаш темното чоколадо би можело да ве спаси.

Истражувањето објавено на глувци открило врска помеѓу темното чоколадо и растот на влакната. Тоа е богато со какао кое содржи проантоцијанидини, соединенија за кои е познато дека го поттикнуваат растот на косата. Кај групите глувци на кои им било давано темно чоколадо, била откриена анагена фаза на раст на влакната. Станува збор за фаза на активен раст на фоликулата во која коренот на косата подобро се развива.

Темното чоколадо кај луѓето значајно го зголемува волуменот на косата, благодарение на минералите кои ги содржи и кои поттикнуваат раст на клетки со зголемување на дотокот на крв до темето, а тоа најпосле доведува и до подобар раст на косата.

Сјајот на косата можете да го вратите со помош на маска од темно чоколадо. Маската се прави од темно чоколадо, мед и јогурт, а резултатите пријатно ќе ве изненадат.

Сувите прамени можете да ги третирате со маска која се прави од темно чоколадо и кокосово масло. Нанесете ја мешавината на косата и оставете ја еден час, а потоа измијте со млака вода.

Помешајте какао во прав или темно чоколадо со кокосово масло и зелен чај. Оваа мешавина ќе ви помогне да го исчистите темето, да ја нахраните кожата на главата и да се ослободите од првутот.

извор:точка.ком.мк

To top