Живот и Стил за проба пари не земаат

Вежба која ќе ги намали грижите за дури 90%!

Вежба која ќе ги намали грижите за дури 90%!

Многумина од нас мислат дека загриженоста е нормална ситуација во животот, па се водат од следните зборови – „Ако не се грижам, ќе се случи нешто лошо.“; „Ако бидам безгрижен/а, постои ризик потоа да бидам разочаран/а“.

Така, стануваме зависни од грижи, се навикнуваме да се грижиме за сè и често создаваме негативни проекции во нашите глави за работи кои сè уште не се случиле. Наместо да се грижите, можете да ги искористите вашето време и енергија и да направите нешто продуктивно.

Кога сте загрижени, вашите грижи преминуваат од еден на друг аспект во вашиот живот. Три минути многу брзо се претвораат во три часа, а анксиозноста ви влијае и на физичко ниво – од мигрена до потење на рацете и ментална исцрпеност. Запомнете дека грижата не го решава вашиот проблем, може само да го влоши.

Во својата книга „Ова е она што е важно“, психологот Пепетуа Нео објаснува дека еден од водечките начини да се ослободите од грижите е планирањето, односно справување со проблемот преку правење план. Вистина е дека е тешко да се искоренат грижите од вашиот живот преку ноќ, но со практикување на оваа вежба, можете постепено да ја претворите грижата во продуктивност. Според психологот, оваа вежба би можела да ја намали анксиозноста за дури 90%.

Чекор 1: Проценка

Во болниците, медицинските тимови прелиминарно проценуваат што да прават со секој пациент врз основа на итноста и што е потребно во однос на медицинската нега. Замислете дека вашата грижа е ваш пациент и за да го решите, поставете си ги следниве прашања:

Дали ова може да се реши?
Дали ова може да се контролира?
Дали грижата е оправдана?

Чекор 2: Ресетирање

Чекор 2 е да го „ресетирате“ мозокот. Затоа што кога сте загрижени, вашиот мозок работи во режим на страв. Во овој случај, одговорна е амигдалата која се занимава со вашиот опстанок. За да го ресетирате мозокот, вдишете три пати, длабоко и бавно. Обидете се кога вдишувате да го надувате стомакот како балон и обратно. Издишете колку што можете полека. Ова ќе ве смири и ќе ве врати во реалноста.

Чекор 3: Решение

Чекор 3 е да се искористи таа ментална енергија. Земете пенкало и хартија или отворете дигитален бележник. На врвот, напишете го проблемот што сакате да го решите и временската рамка за неговото решавање. Тоа ќе ви помогне да дојдете до стратегија, а не да се убедувате дека тонете сè подлабоко и дека нема излез.

Чекор 4: Награда

И конечно, при чекор бр. 4 се наградувате себеси за вложениот труд. Тоа може да биде убава шолја кафе или само искажување благодарност дека сте го решиле проблемот. Ова ја зацврстува новата навика – наместо да се грижите, барате решенија.

 

извор: kafepauza.mk

To top