Радио Милева За добро утро

Весна Петрушевска замина на одмор со Хана, Ума и Аце, а кога ќе видите што направиле, слатко ќе се изнасмеете (фото)

Весна Петрушевска замина на одмор со Хана, Ума и Аце, а кога ќе видите што направиле, слатко ќе се изнасмеете (фото)

Месец јули е периодот на летниот пик, односно кон средината на јули веќе сите датуми се резервирани за плажа, езеро или море.

Токму тоа го направи и македонска актерка и ТВ водителка Весна Петрушевска  која ги спакува куферите и замина да ги наполни батериите во друштво на нејзините три кучиња Хана, Ума и Аце.

Но, бидејќи сакаше да го искористи целиот ден одлучи рано изутрина да ги прошета миленичињата низ ресортот каде што е сместена на Егејскиот брег кај  јужниот сосед.

„Сабалјечки да им помочаат се“ – со емотикони кои плачат од смеење таа ги тагна и апартманите каде што престојува, а дека  сите слатко се изнасмејаа доказ беше и објавата која и тие ја  споделија на нивниот Инстаграм профил.

Уште во утринските часови мама Весна веќе е на плажа, подготвена со сите летни реквизити без кои е невозможно да се седи, бидејќи веќе е вистинско „изгор“ лето.

На плажа  уживаше во лежарен стил, со летна шарена кошула и големи темни сончеви очила, додека за дополнителна заштита од сонцето носеше и шапка на главата во светла боја. На објавата таа ги сподели стиховите од поетот Ланг Лив  и на тој начин  искажа како се чувствува во моментот.

– Во мојата душа има мешаница. Немирно диво исчекување. Зјапам во хоризонтот. Далеку колку што можам. Не можам да видам што таму се крие. Но, можам да почувствувам – стоеше во објавата на  Инстаграм во нејзините кратки приказни.

Фото: Инстаграм/vesnapetrushevska

To top