Македонската актерка Весна Бејби Петрушевска беше гостин во најновиот поткаст кај Стефан Лазарав, каде меѓу опуштениот муабет откри и нови детали околу ќерката Мина која во 2016 година беше жртва на педофилија.
Актерката зборуваше за тој настан од аспект како таа реагирала на сето тоа но и за храброста на Мина да ја каже вистината.
„Мина многу сакаше да вози точак и возела, но саат ипол ја снемало. Тука се работеше само за допири, тоа било во гаража. Ѝ рекол само „утре пак ќе те барам“ и се претставил како Сашо, иако тоа не му беше името. Јас одма провалив сè. Ѝ дал 500 денари за да ќути“, кажа Весна во поткастот кај Лазаров.
View this post on Instagram
Мина тогаш имала само 11 години и полна од тој страв што го насобрала, веднаш кажала на брат ѝ затоа што седел тука.
„Кирил ми се јави, отидов да ја земам, тоа беше во Капиштец, и само ја седнав во кола и ја гледав дека цела беше лом направена. И викам „океј, сега ќе одиме во полиција. Јас точно знаев дека ѝ се случило тоа“.
Потоа Мина на полицијата и раскажала сѐ а за тоа Бејби вели дека тоа е најголемото херојство што го направила Мина.
Раскажа и за ситуацијата кога Бејби го видела тој човек во судницата и изгубила секаква контрола, бидејќи тоа е посилно од неа.
„Мене ме држат двајца полицајци, јас ќе го задавев. Ти немаш тука контрола“, изјави таа.
На крај сторителот добил 12 години казна затвор за овој немил настан, а пред неколку месеци од неговиот адвокат дознала дека починал.
Разговорот за Мина можете да го слушнете од видеото на 2:07:10
Фото: printskrin/vesnapetrushevska