Македонската актерка и ТВ водителка, Весна „Бејби“ Петрушевска, со две одвоени објави на својот Инстаграм профил сподели дека е особено горда на двајца мажи во нејзинио живот.
Едниот, кој за жал не е повеќе меѓу нас, денес ќе полнеше 42 години, а другиот иако далеку од нејзините очи, толку многу е вгнезден во нејзиното срце што љубовта е неизмерна, како и носталгијата што не тука до неа.
Имено, денес, 25-ти јануари на нашиот ангел, на македонската музичка икона Тоше Проески му е роденден… Иако го нема повеќе меѓу нас, Тоше е човекот кој има само датум на раѓање… Затоа неговите верни фаови, кои растеа со неговите песни, денес веќе возрасни и зрели луѓе, никогаш не го заборавија. Но, не го заборави ниту јавноста, медиумите, а не го заборави ниту таа, една од неговите најголеми и верни пријателки – Весна – „Бејби“ која му го направи последното интервју во нејзината тогаш многу популарна и гледана ТВ емисија „Вртелешка“, само неколку часа пред ангелот да замине во вечноста.
Токму затоа таа е онаа која на важните датуми прва се сеќава на нејзиниот и наш Тоше. Затоа Бејби сподели објава на своот Инстаграм во која го одбелжи неговиот датум на раѓање со прошетка по опствените спомени она што кога е Тоше во прашање, најмногу и фали:
„Денес ќе имаше 42, сигурна сум дека ќе имаше уште 10 албуми,немаше да престанеш да пееш….Секогаш првата мисла ми е твојата насмевка,таа беше љубовна, животна приказна…Таа насмевка гласна која го исполнуваше просторот во кој си шушкавме за работи кои само ние си ги знаевме… И ми фалат оние образи што кога ќе ги штипнев ми остануваа во раце… Таа топлина која ја имаше во себе… Тоа ми фали“ – со длабока тага Весна Бејби се потсети на Тоше на неговиот роденден.
Но претходно, Бејби сподели фотографија од вториот маж кој и енајголемата слабост во животот. Зимска, урбана, снежна идила и момчето кое пораснал во вистински маж – нејзиниот син Кирил Тренкоски кој во 2020 година се пресели да се школува во САД, каде живее неговиот татко Јанко. Нако не му се биолошки родители, тие двајцата за него се повеќе од тоа, а тој за нив повеќе од нино дете. Затоа и Бејби тешко ја поднесува далечината, одвоеноста од својот Кирил, па последната фотографија која ја сподели на социјалните мрежи, таа емотивно ја искоментира:
„Само се лигавам кога ќе го видам… Колку е разубавен син на мајка“ – напишала Бејби покрај фотографијата на нејзиниот убавец, кој во 2021 година стана полнолетен, лани матурираше, а сега е на студии во Хјустон.
Инаку тој како што рековме во САД замина во 2020 година за таму да заврши IV година гимназија и да продолжи на студии, па тогаш пред да замине Бејби со емотивна објава објасни како се чувствува додека се ближи денот на нивната разделба:
„Броиме ситно со Кирил кој ќе оди во Хјустон за да заврши гимназија и факултет. Тој е едно од децата кои сакаат да го освојат светот. Безброј пати го прашував дали е сигурен и секогаш без двоумење одговара потврдно. Немам подобра опција да му понудам во овие луди времиња. Не прашувајте, срце ми се кине. Убав на мајка. Го гушкам, плачам ко некоја задушна баба секој ден, а он ми вика: „Мамо, мислев умрел некој, ме исплаши“, напиша тогаш Петрушевска на „Фејсбук“.
Фото: Инстаграм принтскрин/vesnapetrushevska/Јутјуб – Ал Џезеира/