Радио Милева нема играње топло-ладно

Вера Мештеровиќ се разголи во бикини: Водителката се подготвува за лето, а на зимата веќе и стави вето (фото)

Вера Мештеровиќ се разголи во бикини: Водителката се подготвува за лето, а на зимата веќе и стави вето (фото)

Од улоги во спотови, реклами, ангажмани за разни козметички и модни брендови, Вера Мештеровиќ со работата како водителка на утринската програма „Здраво Македонијо“ дополнително добива полни раце работа кога треба да се спојат убавината со маркетингот.

Сега бидејќи секојдневно е пред камерите, на Вера и треба дополнителна нега, но и релаксација за да биде свежа, убава како и секогаш, опуштена пред камерите и програмата во живо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vera Mesterovic (@veramesterovic)

За таа цел, Вера добро знае што и годи за телото и умот, па нејзиниот извор за телесно разгалување најчесто се спа-центрите.

Атрактивната бивша мисица нема проблем да се расоблече во бикини и пред топлата сезона и да покаже дека секогаш е во топ форма.

Вера без комплекс го снимаше своето совршено тело во кабината за сончање.

Без шминка, насмеана и позитивна на своите следбеници им даде предлог каде и како да го постигнат тенот кој таа има намера да го добие пред летото.

А за такво тело ремек дело, освен убав и потемнет тен, пред се треба и тренинг и тоа напорен, ако се водиме по рутината на Мештеровиќ која покажа и дека напорно вежба во теретана.

Кај неа времето не може да си игра топло- ладно, таа е подготвена за лето, а на зимата веќе може да и се стави вето.

фото:Инстаграм принтскрин/Вера Мешретовиќ

To top