Радио Милева славенички раскомотена...

Вера Мештеровиќ по повод нејзиниот роденден „топлес“ му наздрави на животот! (ФОТО)

Вера Мештеровиќ по повод нејзиниот роденден „топлес“ му наздрави на животот! (ФОТО)

Времето се движи, се чини се’ побрзо и побразо. Годините минуваат но, кај некои дами не оставаат никаква трага на нив. Една од тие е и Вера Мештеровиќ нашата  екс-мисица, а сега актуелна ТВ водителка на утринската програма „Здраво Македонијо“  која вплови и во инфлуенсерските води. Една од најубавите жени во Македонија  сега имаше убав повод за славење, денот што го чекаме цела година, најубавиот ден во годината – роденденот.

По тој повод, на нејзиниот профил на „Инстаграм“ осамнаа честитки  со убави желби и заеднички фотографии, од нејзините пријатели и колеги, а имаше доста и од познатите јавни личности од српската естрада.

Како што честопати велиме дека „на дамите не им се бројат годините“, така и Мештеровиќ не ги експонираше ниту со фотографија ниту со текст во објавата , па на социјалните мрежи не ја објави бројката туку ја објави нејзината „замрзната“ убавина и сексапил. Таа тоа добро знае да го претстави, бидејќи поранешната  мисица нема проблем да покаже дека секогаш е во топ форма.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vera Mesterovic (@veramesterovic)

„На здравје за животот! Благодарна на семејството, пријателите, колегите и роденденската торта“ – напиша таа  на англиски јазик на социјалните мрежи.

Вера во едната рака држеше жесток пијалок, а со другата рака ги покри градите. На нив таа носеше ракавици со змиски принт во комплет со тесните панталони. Но, ако подобро се погледне фотографијата лесно може да се забележи дека таа не е „пиштол гола“ туку носи и корсет со месо боја, кој пкрива до каде што покрива дел од витото тело на убавицата.

Како и да е, Вера повторно докажа дека со нејзиниот моќен сексапил лесно може да го привлече вниманието на сите.

За потсетување, Вера Мештеровиќ е мајка на две деца, момче и девојче, кои ги доби од бракот со фудбалерот Игор Кралевски со кој подоцна се разведе.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Вера Мештеровиќ

 

To top