ТВ водителката Вера Мештеровиќ редовно има повод и причина да биде елегантна и стокмена од глава до петици, а сигурни сме дека од комфорна и лежерна облека најчесто носи само пижами.
Вера често е гостинка или е дел од настани каде е репрезент на својот моден стилски печат и индивидуализам од кој ја претпочита нагласената женственост, елеганција и суптилна доза на провокација.
За да не бидат нештата оставени на случајност, за изгледот на македонската убавица се грижат стилистите од една една позната македонска модна куќа чие е едно од заштитните лица.
Овој пат, тие и Вера за еден настан избраа да носи елегантна тоалета која ја нагласува силуетата, додека акцентот е ставен на асиметричните пресеци и бисерите кај вратот.
Сепак, она што особено се истакна и во фокусот, беше отворот, односно шлицот на незгодно место од кој не беше исклучена ниту суптилната провокативност. За Вера, да се биде специјален и поразличен, постои и дефиниција која гласи:
-Биди поинаков, биди моден. Некои нешта се категоризираат како црни, а некои како бели. Но повеќето, не се ни едното, ни другото! Повеќето работи во светот не се црни и не се само бели, не се погрешни и не се исправни, но најмногу од се’ се само разнични – стои во описот од неколкуте фотографии кои ги објави на својот Инстаграм сакајќи да ја покаже креацијата и секако својата модна различност.
Сензуалност во своето најпрефинетот издание, стои како уште еден фото- документ од модното досие на убавата Вера Мештеровиќ.
фото:Инстаграм принтскрин/Вера Мештеровиќ