Познатиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ почина на 19 февруари на 67-годишна возраст. Од Балашевиќ се простија сограѓаните во центарот на Нови Сад и пред неговиот дом, белграѓаните запалија свеќи во близина на Домот на синдикатите и центарот Сава, но и целиот југ од Вардар до Триглав.
Вељко Ражнатовиќ, синот на Цеца Ражнатовиќ и Жељко Ражнатовиќ Аркан, објави на својот Инстаграм профил, и изрази поинаков став од другите.
Имено, тој објави снимка од концертот што Балашевиќ го одржа во Загреб, на кој потоа им се обрати на присутните со овие зборови:
„Обично пеам на мојот мајчин хрватски јазик, но има еден проблем, зборувам расипана верзија на хрватски јазик, т.н. српски“, рече тогаш Балашевиќ, на што Вељко напиша:
“Србите, според старата проклета навика, мо*аме сами по себе! Затоа не не почитуваат, затоа сме секогаш виновни, и да ми извините, не е*е кој ќе стигне. Кој ти го вреѓа народот не заслужува помен, ниту да се сеќаваат на него. Кој Хрват би го поддржале да дојде во Србија и да го каже тоа што рече покојниот кантавтор г-дин Балашевиќ? А вие запрашајте се дали сте нормални да го е*ам и колку лица имате, напиша тој, а пренесува Курир.рс