Вељко Ражнатовиќ наскоро треба да стане татко по прв пат, а радоста за тоа не ја крие ниту неговата мајка, балканската фолк дива Цеца, која ќе стане баба.
Цеца на својот Инстаграм профил сподели со фановите фотографија која и и ја испратиле Вељко и нејзината снаа Богдана.
Новопечената брачна двојка на фотографијата е во домашна атмосфера, во домот на Богдана во село Тител каде се во изолација, а Вељко е клекнат и го бакнува нејзиниот труднички стомак. Еден бакнеж, за двајца.. И за неа и нивното бебе!
Колку се среќни и со колку возбуда го чекаат бебето, јасно кажува сликата што Вељко ја објави на својот Инстаграм со следниот опис:
„Се надевам дека и вие ја користите оваа прилика во карантинот за да поминете драгоцено време со вашите најблиски. Ви посакувам многу здравје“ – напишал синот на Цеца и иден татко на својот Инстаграм.