Радио Милева драма зад роденденската завеса?

Вељко ја напуштил прославата на роденденот на мајка му Цеца, непосредно пред гостите да пристигнат: Има ли нешто во тоа, што некого не го сака? (ФОТО)

Вељко ја напуштил прославата на роденденот на мајка му Цеца, непосредно пред  гостите да пристигнат: Има ли нешто во тоа, што некого не го сака? (ФОТО)

Вчеравечер, 14 јуни 2021  се одржа голема забава по повод 48-иот роденден на фолкерката Светлана Цеца Ражнатовиќ во нејзиниот дом на Дедиње, а меѓу гостите беше и нејзиниот син, боксерот Вељко Ражнатовиќ.

Тој беше во елегантна кошула и фармерки и не сакаше да зборува пред насобраните припадници на седмата сила. Новинарите и медиумите со тоа останаа ускратени и за информацијата што многумина заскокотка, а речиси немаше кој не ја забележа.

Имено, Вељко останал во семејната куќа само на некое време, па потоа ја напуштил прославата непосредно пред да се соберат сите гости.
Тој влегол и се оддалечил со својот автомобил, напуштајќи ја забавата, официјално, затоа што следното утро наводно рано морал да оди на тренинг.

Неофицијално,  многумина поинаку ја протолкуваа постапката на заминувањето на Вељко од роденденот на мајка му, пред да пристигнат останатите гости. Можеби како намерно избегнување да се сретне со „некого“? Оттаму и дилемата која лебди во воздухот: „Има ли нешто во тоа, што некого Вељко не го сака“?

Фото: Инстаграм принтскрин/veljkoraznatovicfan10

To top