Вељко Ражнатовиќ и Богдана Родиќ во недела официјално запливаа во брачните води, а за нивната свадба се пишуваше и пред да се случи.
Вељко од својот дом на Дедиње по невестата замина со “Ролс Ројс“, додека пак Цеца и Анастасија скромно облечени со автобус заминаа по идната снаа.
Меѓутоа, како што пишува курир.рс, Вељко и Богдана до храмот „Свети Сава“ пристигнале со “Ролс ројс“ кој некогаш и припаѓал на пејачката Драгана Мирковиќ.
Имено, Мирковиќ го користела овој автомобил одреден период, а потоа го продала на сопственикот на „Пинк“ телевизија, Жељко Митровиќ,
Не е познато дали Митровиќ кој исто така беше на свадбата, го позајмил автомобилот на младенците и дали тој се уште е неговиот сопственик.
Инаку, овој автомобил се појави во песната „Громови“ која Драгана Мирковиќ ја сними во дует со Бобан Рајовиќ.
Познато е дека Драгана Мирковиќ и Цеца не се во најдобри односи, па последен пат се сретнаа минатата година на новогодишното снимање на РТС, каде што Мирковиќ ја поздрави Цеца, а по оваа нивна средба многу се пишуваше во медиумите.