Традицијата кај балканските народи да вапцаат јајца за Велигден се јавила во 16-тиот век. Меѓутоа, кај голем број домаќинки постои дилемата дали јајцата мора да се вапцаат во четврток.
Според антрополозите, јајцата можат да се фарбаат од Велики четврток до Велика сабота. Посебната недела пред воскреснувањето на Исус е во знакот на домаќинството, вкусна храна и фарбање на велигденските јајца.
Во различни делови од нашата земја, па и Балканот, пак, се смета дека јајцата треба да се вапцаат или на Велики четврток или Велика сабота, а дека Велики петок е ден кога ништо не треба да се прави и денот е важно да се помине во молитва.
Иако црквата го прифаќа боењето на јајцата уште од 12 век, сепак на нашите простори оваа пракса се јавила во 16 век. Јајцата кои се боени со црвена боја се традиција уште од дамнина.
Извор: Курир.мк