Живот и Стил

Ве читаат како книга: Овие хороскопски знаци не можете да ги излажете

Ве читаат како книга: Овие хороскопски знаци не можете да ги излажете

Во астрологијата постојат некои хороскопски знаци кои се раѓаат со неверојатна сопособност за „читање“ на другите луѓе.

На таквите луѓе не можете да им подвалите било каква лага, бидејќи вистината не ја бараат само во зборовите, туку и во говорот на тело, начинот на кој зборуваат со некого, движењата, погледите, воздишките.. Тие се како човечки детектори за лаги, а станува збор за овие хороскопски знаци:

Девица
Девиците имаат око за детали и ништо не може да им „избега“, па дури ни лагата. Додека разговарате со нив, луѓето во овој знак во своите глави прават длабока анализа на секое ваше движење, воздишка, поглед, и лесно можат да препознаат дали ја зборувате вистината, особено ако долго ве познаваат.

Близнаци
Близнаците кои се сомневаат, тешко им веруваат на луѓето и имаат подготвени потпрашања за секого за кого се сомневаат дека не ја зборува вистината, па речиси е невозможно да ги излажете.

Шкорпија
Шкорпиите по природа се многу љубопитни, па кога се сомневаат дека некој лаже, не се откажуваат додека не ја дознаат вистината, без оглед на тоа колку време и енергија ќе им одземе тоа.

Јарец
Скептичноста е една од главните карактерни црти на Јарецот, па луѓето родени во овој знак нималку не е лесно да ги излажете. Кога некој ќе го „фатат“ во лага, со таа личност не сакаат да имаат ништо понатаму.

Водолија
Во овој знак обично се раѓаат многу интелигентни и внимателни луѓе кои покрај тоа и многу добро ги читаат другите, па навистина е многу тешко да ги излажете. Но, за разлика од Јарците, Водолиите нема да ве прецртаат од животот ако дознаат дека сте ги лажеле, ниту тоа ќе го сфатат како навреда, туку сè многу бргу ќе ви опростат.

извор: точка.мк

To top