Пејачката Драгана Мирковиќ денеска го слави својот 56-ти роденден, а меѓу првите кои и честитаа беа наследниците.
Мирковиќ честитките што ги доби од Мануела и Марко ги сподели на својата Инстаграм приказна.
Марко Бијелиќ сподели фотографија со пејачката со зборовите: „Среќен роденден на најдобрата мајка на светот“.
А фотографија со мајка си објави и сестрата на Марко, Мануела Бијелиќ, а од тоа што го напиша покрај дадената фотографија многумина се воодушевија: „Среќен роденден мамо. Те сакам“.
Веруваме дека Драгана овој ден ќе го помине на најубав можен начин и дека ќе биде со семејството.