Радио Милева

Важен датум во нивните животи: Голема прослава во домот на Драгана Мирковиќ

Важен датум во нивните животи: Голема прослава во домот на Драгана Мирковиќ

По големата летна турнеја која ја одржа во регионот, српската пејачка Драгана Мирковиќ има уште еден убав повод за славeње.

Имено, Мирковиќ и нејзиниот сопруг Тони Бјелиќ прославуваат годишнина од бракот.

По тој повод пејачката на социјалните мрежи објави заедничка фотографија со Тони, а во описот на истата напиша:

„Среќна годишнина, љубов“.

фото: принтскрин/инстаграм

Мирковиќ истакна дека за годишнината од бракот со својот сопруг ќе отпатува во Ирска бидејќи досега не била таму.

фото: принтскрин/инстаграм

Инаку, Тони и Драгана од бракот ги имаат децата Марко и Мануела кои не се појавуваат во јавност и не сакаат да се фотографираат за медиумите.

За потсетување, Драгана во една прилика истакна дека нејзиниот сопруг ја запросил на семафори.

 

To top