Васка Леонтиќ е родена на 11.08.1970 г. во Истанбул – Турција. На четиригодишна возраст со своето семејство се сели во Скопје.
Како активен член на Клубот на фризери во Скопје учествувала на сите ревии и манифестации што ги организирал клубот. По осумгодишно работно искуство ќе отвори и сопствено фризерско студио, а подоцна и приватното средно училиште и П риватниот центар за стручна обука „Академија Леонтиќ“ во Скопје, каде се изучуваат фризерските и козметичките техники.
Со текот на годините Студиото Леонтиќ прерасна во водечки бренд во фризерската дејност, кој успеа да воспостави стандари за стил, креативност и модни трендови.
Во интервју за Вистина.мк таа открива колку бил тежок патот до успехот, кој е нејзиниот наголем предзвик, колку е силна конкуренцијата, дали жените во Македонија посветуваат доволно внимние на својот изглед…
- Важите за еден од најдобрите стилисти во Македонија, кога сфативте и одлучивте дека сакате да се занимавате со оваа професија?
Од кога паметам за себе,од раното детство покажував интерес за модата,поготово ме интересираше високата мода и се што беше аванградно,мојата прва љубов беше модното креаторство,но бидејќи за време на Југославија во Македонија немаше високо образование за модни креатори,се префрлив трета година и четврта да изучувам за фризер и козметичар и морам да признаам дека сега гледано од оваа преспектива, сум направила добар избор.
- Од денешна перспектива , какво беше искачувањето до посакуваното професионално ниво кое го имавте зацртано?
Првите десет години од развојот на кариерата не почуствував потешкотии, бидејќи ја работев работата која многу ја сакав и добро ја владеев и да имаше некој попатен проблем тоа го доживував како нормална појава при работа.
Првата и најголема потешкотија ја почуствував кога подигнав кредит за да го купам и опремам просторот за започнување со Приватното средно училиште и Приватниот центар за стручна обука. Потешкотиите се појавија од кога внесов наеднаш многу содржини, апаратури, а сето тоа со помош на кредит. Јас немав никакво предходно искуство со работа на кредит и тука за прв пат се соочив со реален и голем проблем, а при тоа се’ уште не беше отпочната работата со училиштето.
Тој период за мене беше најтежок, но гледано од сегашна преспектива после 16години исплаќање на кредитот, не сум ни била свесна дека со подигањето на тој кредит и со добиените верификаци од Минстерството за образование и наука со отварањето на Училиштето и Центарот, сум направила инвестиција која е меѓународно важечка и каков капитал е тоа за самата фирма. Благодарение на доброто менаџирање и долгогодишното искуство успеав повторно за кратко време да научам како да РАБОТАМ И ВО КРИЗНИ СИТУАЦИИ и менаџирам и работам со помош на кредити, а при тоа да го повратам и спокојот и мирот што на самиот почеток ми создаваше голем терет и ми пречеше во развојот на работата. Сега кредитот го доживувам како секојдневна појава при развој на работата. Перцепциите се менуваат врз основ на тоа, како ја развиваме фирмата, но и колку вложуваме и во себе и надвор од рамките на стручните вештини, а со тоа си помагаме и во развој на менаџирањето со фирмата. Денес се’ уште работам со кредити,н о ме научија како правилно да ги користам.
- Дали во денешно време кога има се повеќе фризери и козметичарие тешко да се опстане и да се биде конкурентен?
Нормално полесно е да се работи кога нема голема конкуренција, но гледано од друга преспектива, предзвик е да се има конкуренција и да се побудат сите сетила на креативност и инвентивност, се’ со цел да се истакнете и одвооите од срединта. Конкурентноста барем мене ме направи да се чувствувам дека се’ уште можам повеќе да дадам од себе, да не ме убие монотонијата во работата. На овој начин се пројавува и натпреварувачкиот дух, па со тоа се внесува и квалитет во работа и истакнува различноста помеѓу нас колегите.
- Од 1994 година присутни сте на македонскиот пазар, од тогаш до сега колку се променија трендовите и барањата на клиентите во поглед на убавината?
Модата се менува според стандардот во општетството и социјалните промени во државата, па од тука потекнува и желбата за мода. Значи колку е повисок стандардот, толку модата е пософистицирана и со истенчен и префинет изглед. Колку стандардот е опаднат на пазарот владее и доминира кичот и невкусот, па малкумина се со префинет, софистициран изглед и со изграден префинет имиџ. Кога се нема доволно средства, се појавува потребата и желбата за што повеќе истакнување и што повеќе да се биде впечатлив и воочлив од средината и околината каде се живее.
Тоа не е пракса само кај нас, сета оваа промена, потекнува од светот, трендовите и модата се појавуваат и зависат од тоа што ќе се пласира на пазарот. Колку повеќе одредени техники ќе се рекламираат на социјалните мрежи и во што поголем број и масовност ќе го применат на себе, за тоа велиме дека е МОДА. Додека за тие кои се со изгреден и сопствен имиџ, но слепо не ја следат модата,за тоа се вели дека е КЛАСИКА. Трендовите се менуваат рапидно, но сите кои се стремат кон префинетиот изглед го следат сопствениот имиџ и тоа што им прилега ним, а не тоа што е тренд и мода.
- Која е најголемата сатисфакција што ви ја дава професијата?
Слободата на творење, можноста да се реализирам, развивам и ја проширувам својата визија и преку европските проекти и интернационално да ја развивам својата кариера.
Можноста да ја прилагодувам дејноста според возраста која следи, сето искуство стекнато низ годините да го пренесам на следните генерации, влогот кој е направен сите овие години се согледува по резултатите на сите генерации кои ги изучив овие 25 години. Во нивниот успех го согледувам и успехот на мојот сон.
- Да се биде истраен и квалитетен во сопствениот бизнис, ни малку не е лесно – кои се вашите најголеми предизвици на работно поле?
Најголемиот предизвик во работниот простор е да се создаде квалитетен кадар и тим кој меѓусебно ќе се усогласува и добро ќе функционира.
Јас можам да кажам за себе дека сум работодавец и менаџер кој бара да биде следен и секогаш подготвен за нови цели, ниту најмалку едноставен ни за себе ниту за околината. Сите други предизвици на работното поле се едноставни доколку имате добар тим кој ќе Ве разбере и ќе умее да Ве следи и да се прилагоди кон системот кој е поставен во самата фирма.
- Според Вас, дали дамата со стил се раѓа или се гради?
И едното и другото. Кога се раѓате носите дел од себе, Вашата индивидуа и сензибилитет, кој не се гради е дел од Вашата личност, но стилот се гради со текот на годините.
- Дали жените во Македонија доволно се посветуваат на својот изглед?
Изминатите години можам да забележам особено и кај помладата популација и повозрасната генерација вложување, многу повеќе на себе, спортување, јога, пилатес… се со цел да се запази својата линија, начинот на исхраната и за квалитетниот начин на живот.
Единствено што мене лично не ми се допаѓа, е се поголемата застапеност на кичот, сексаплниот и вулгарен стил на облекување кај младите, каде не се избира што е дневна тоалета што вечерна. Исто се стилизираат во текот на целиот ден: премногу јака шминка и истакнати контури на лицето, посебно исцртувањето на веѓите и кому прилега и кому не му прилега. За жал совистицираниот изглед младите не го негуваат. Повеќе се пронаоѓаат во премногу нападен стил, без разлика дали тоа им прилега или не, според нивниот тен.
- Како дама со изграден стил и индивидуален печат, колку надворешниот изглед на жената влијае на нејзината самодоверба и кога не се чувствува најдобро?
Секогаш на жената и е битен изгледот и тоа влијае на нејзината самодоверба колку да сакале да кажете дека тоа не така. Во потсвеста секогаш постои прашањето дали сум добра, дали нешто ми недостасува? Делува и на расположението, па ни се одразува и на успехот во работата, свесни биле ние за тоа или не, енергијата се насочува насекаде. И позитивната, а уште повеќе негативната.
Кога сте задоволни со самите со себе, ја ширите таа позитивнма аура околу вас и сте онолку привлечни колку што сте си подносливи самите на себе, поточно колку што сте задоволни од себеси.
- За кои македонски јавни личности би можеле да кажете дека имаат одлична стилска дефиниција?
Не би сакала да испуштам некого и одвојам,но има јавни личности кои со години го следат сопствениот стил и имиџ, но и такви кои многу талкаат. Само можам да потенцирам стилистот НОШПАЛ додека беше застапен на јавната сцена помеѓу јавните личности, многумина се двојеа по сопствениот имиџ и стил. Тој беше многу храбар со своите креации и оставаше личен печат кај јавните личности со својот посебен и префинет стил.
- Во денешно време помладата популација се повеќе користи силна и нападна шминка. Што мислите околу тоа?
Мислам дека не ја користат својата природна убавина. Не се свесни и се несигурни за својот природен изглед. Со примена на јака и нападна шминка ја прикриваат својата индивидуалност и се сите исти, униформирани. Нема да видите карактеристичен стил. Исти декорација на нокти, исти фризури се’ е унифицирано, па дури и позите и мимиките на говор и држење на телото.
- Периодов актуелни се матурските прослави, кои се барањата на матурантите и што им препорачувате?
Јас секогаш се стремам да се запази индивидуалноста,што повеќе природен стил и имиџ на фризура и шминка, да личат на себе си и тоа да биде дел од нивната индивидуа.Преголеми и драстични промени не секогаш се прифативли дури и кога самите посакуваат да се променат.
- Како да се заштити кожата во текот на претстојниот летен период?
Наједноставно, да се избегне сонцето. Преголемото излагање на сонце остава трајни флеки на кожата, каде не постои ниту една заштитна крема што може да ги отргне флеките, а да не напоменувам колку колагенот слабее и кожата дехидрира и старее.
- Кој е примарниот совет што им го давате на учениците во Академија Леонтиќ?
Да бидат истрајни во тоа што го започнале, ништо навидум не е лесно како што изгледа, зад секој успех постои само вложен труд. Лесно сторено – уште полесно изгубено.
- Дали мажите доволно време посветуваат на својот изглед и која е разликата од 90-тите до денес?
И тогаш и сега подеднакво вложуваат на себе и мажите за својот изглед. Разликата е во тоа што сега не се срамат за тоа јавно да говорат и се третираат помеѓу жените истовремено.
- Во која наскока и новитети ќе се движи Вашата и бизнис агендата на Академијата Леонтиќ?
Академија Леонтиќ,перманетно работи со услугите за фризери, козметичари, масери и шминкери кон клиентите и јас се’ уште активно работам со нив.
Во можностите за лично себеизразување и работа со едукативниот програм се пронаоѓам, со учениците и кандидати од Приватниот обучен центар ,,Академија Леонтиќ’’ . Мојата цел е интернационално да започнам со предавање и во други сродни училишта ширум Балканот и Европа. Првичните видувања започнаа со проектите преку ЕРАСМУС+ кога одиме на размена на искуства и обука и мобилност преку истите програми. На тој начин ги согледувам сите пропусти и предности во образовниот систем. Од личните услуги за фризери, козметичари, шминкери и масери, а вооедно во изминатите десет години се повеќе е застапен и модниот стилизам во стручните училишта, што е и моја задача да го воведам во Средното стручно училиште.