Живот и Стил

Вашиот хороскопски знак открива колку деца ќе имате и какви родители ќе бидете

Вашиот хороскопски знак открива колку деца ќе имате и какви родители ќе бидете

Покрај вашите лични карактеристики, хороскопот може да ви открие и многу други работи, вклучувајќи го и вашиот животен стил, како ги трошите парите, дали повеќе сакате да живеете во град или село, па дури и колку деца ќе имате. Ако сакате да откриете колку деца би имале, и какви родители би биле, продолжете со читање.

 

Овен

Можно е да бидете мајка на 3 деца. Овенот е првиот знак во хороскопот, а ова значи дека имате пионерски карактер. Иако сте посветени на кариерата, ова не значи дека не сакате деца. Вие ја споделувате вашата амбиција со децата и ги охрабрувате да ги следат нивните соништа. Можеби постојано сте зафатени, но кога ќе успеете да воспоставите рамнотежа во сите аспекти од животот вие навистина ќе напредувате. Понекогаш имате проблеми со темпераментот, па обидете се да останете трпеливи со децата.

Бик

Вие ќе бидете трпелива и посветена мајка на две деца. Сакате да им го направите животот најдобар на вашите деца и сигурно ќе бидете многу поврзани. Можете да бидете малку тврдоглави, особено кога станува збор за промена, па обидете се да не ги штитите премногу вашите малечки.

Близнаци

Близнаците веројатно ќе имаат 4 деца. Вие сте енергични и млади, и сакате деца кои прават да се чувствувате живо. Вашето семејство можеби не е традиционално, но токму тоа го прави возбудливо. Иако можете да бидете спонтани и неодлучни, вашите деца знаат дека не сте предвидливи. Тие ќе бидат свесни дека секогаш може да канат гости, а вие ќе ги пречекувате со отворени раце.

Рак

Ако сте Рак, вие ќе бидете заштитнички настроена мајка на две деца. Родителството ви е лесно и се чувствувате природно кога се грижите за малечките. Вие сте чувствителна и емоционална личност, а ова ви овозможува да изградите врска со вашите деца. Можете да бидете премногу внимателни и зависни, особено кога станува збор за децата. Па обидете се да им дадете малку слобода.

Лав

Лавовите ќе бидат креативни мајки на едно дете. Вие сте многу забавна личност, а пријателите ве знаат како животот на забавата. Луѓето може навистина да се изненадат кога ќе кажете дека сте бремена. Но вие ќе бидете вистински идол на вашето малечко. Вие сте роден лидер и може да наредувате, но вашето дете ќе се навикне. Веројатно ќе сакате да поминувате време со вашето дете правејќи нешто креативно и играјќи игри.

Девица

Вие ќе бидете организирана мајка на две деца. Вие сте навистина практични, па затоа и ви требало долго време да одлучите колку деца да имате. Напорното работење е природно за вас, па навистина ќе се вклучите во животот на децата. Можно е да се грижите премногу, па обидете се да се опуштите.

Вага

Ако сте Вага, можно е да бидете мајка на две деца. Вие ги учите вашите деца за тоа колку е важно да останат смирени и да работат заедно ако сакаат мирен дом. Вие сте горди на себе поради вашата култура, па сакате и вашите деца да бидат запознаени со уметност, спорт и музика. Бидејќи одвреме-навреме можете да бидете и неодлучни, ќе треба напорно да работите за да не ја пренесете таа особина и на децата.

Скорпија

Како Скорпија, ќе бидете нетрадиционална мајка на четири деца. Бидејќи сте страсни и емоционални, вие навистина ќе се посветите на родителството. Вие се моќни и привлечни, а овие особини ќе им ги префрлате и на децата. Малку сте ексцентрични, но ова значи дека уште повеќе ги разбирате и прифаќате вашите деца.

Стрелец

Стрелците ќе бидат мајки на едно дете. Вие сте оптимистична личност и сакате да создавате забава и убав живот за вашето малечко. Навистина сакате да му го пренесете вашиот ентузијазам за животот. Но, истовремено се надевате и дека вашето дете ќе биде малку поодговорно отколку вие во детството.

Јарец

Јарците најверојатно ќе бидат мајки на две деца. Вие сте дисциплинирани и амбициозни, а вашата практичност има голема улога во родителството. Вашите деца сигурно ќе знаат дека вие ги поставувате правилата, но токму ова ќе ги инспирира да копнеат по нешто големо. Некои луѓе сметаат дека сте студени и песимистични, но вашите деца го извлекуваат најдоброто од вас.

Водолија

Големи се шансите да бидете лојална мајка на едно дете. Вие сте пријателски настроени и искрени, а другите го ценат вашето пријателство. Не сакате да бидете емоционално приврзани за многу луѓе, но сте премногу блиски со оние кои ги сакате. Иако сакате да поминувате време со саканите, понекогаш потребно ви е самите да се наполните со енергија. Ја цените вашата слобода, па едно дете е совршено за вас.

Риби

Ако сте Риби можно е да бидете добра на мајка на 4 или повеќе деца. Вие сте добри и несебични, и секогаш можете да сочувствувате со проблемите на другите. Вашиот топол и грижлив дух е совршен за повеќе деца. Можно е поголем дел од времето да поминувате дома, но вам тоа ви годи.

извор:кафепауза.мк

To top