Водителот Ване Маркоски е меѓу оние кои секојдневно се на работното место, а кога завршуваат професионалните обврски пред камерите, Ване како одговорен граѓанин, се повлекува во својот дом.
Водителот живее во највисоките згради во скопската населба Аеродром, а откако се смести во висококатницата, редовно објавува фотографии од погледот кон Скопје од неговиот прозорец.
Ако погледот кон надворешноста е пријатен, релаксирачки, посебен… Внатре, е баш урнебесно!
Ване живее со своите две кучиња кои ги има спасено од улица, а со нив излегува и во време на полициски час кога е дозволено само за оние со миленици.
Ама за кучињата на Ване таа дружба надвор со четириножните пријателите, не е доволна.
Енергијата продолжуваат да ја трошат дома и тоа на декоративните перчиња кои ги најдоа како замена за партнер во нагонот за репродукција кој им е пуштен на најјако.
Кон надвор панорама, дома анима-секс драма!