Оваа салата за прв пат е послужена во Њујорк, во хотелот Валдроф, а денес е класик популарен низ цел свет.
СОСТОЈКИ:
- 1 главица зелена салата
- 2 струка целер
- 1 зелено јаболко
- грозје
- 1/2 шолја ореви
- 1/2 шолја мајонез
- сок од 1 лимон
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Салатата измијте ја и исушете ја. Јаболкото исечете го тенко и посипете преку салатата.
- Зрната грозје преполовете ги и извадете ги семките, па додајте ги во салатата.
- Посипете со грубо сечкани ореви.
- Измешајте мајонез со лимон, посолете и побиберете па посипете преку салатата.
Добар апетит!
извор:готви.мк