Јелена Карлеуша не крие дека нема никаков контакт со сопругот Душко Тошиќ иако се во формален брак. Во моментов немаат ни директна комуникација. И како што истакна ЈК пред неколку месеци, свесна е дека сопругот не ја сака, но признала и дека се уште го сака, и дека би примила куршум за него. Сега таа објасни дека разговара со Душко преку посредник.
View this post on Instagram
– Србите сакаат да се занимаваат со мојот приватен живот и со мојот брак. За жал. Со Душко разговарам преку дадилката и децата. И адвокат. Душко е убав, убав човек е. Мажите не ми се додворуваат, а ниту жените. Кога ќе научиш со години да те удираат во глава како во бокс, тогаш го добиваш тој борец. Приватно една душа сум од жена – истакна ЈК и додаде:
View this post on Instagram
– Јас сум толку добра приватно, а нежна и маза, љубезна… Сосема спротивно од она што го мислат моите драги гледачи за мене. И тогаш луѓето имаат предрасуди и никој нема да ме мува, никој нема да праќа шампањ. Читам се’ во весниците, а тие им праќаат шампањ на некои старлети. Како тоа, никогаш немам никој?! – праша ЈК.
фото: Instagram printscreen/ karleusastar