Водителката Александра Илиевска и нејзиниот сопруг Александар во јануари за првпат станаа родители.
Имено, парот доби ќерка за која го одбра името Сара. Отогаш поранешната водителка на „Брза кујна“ ужива во секој момент со наследничката, уживајќи во нејзината прва насмевка, нејзините плач, нејзините први гестови и мимики.
Илиевска е актуелна на социјалните мрежи, па одвреме – навреме знае да сподели по некоја фотографија со наследничката, но не го покажува нејзиното лице.
Летните одмори се во тек, а познатите веќе побрзаа за да се распослат некаде на плажа и да бараат спас од горештините.
И водителката Александра замина на летување, а овој годишен одмор за неа е од посебно значење бидејќи ова е прв нејзин одмор со малечката Сара.
Илиевска на својот „Инстаграм“ сподели фотографија од плажа на која позира со сопругот и неколку месечната ќерка, а во описот напиша:
„Нашиот прв заеднички одмор, апсолутно прекрасно“, напиша водителката.
Сигурно Александра понела убави спомени, како и фотографии од првиот заеднички одмор, но и колку толку се разледала од високите температури.