Македонската пејачка со белградска адреса на живеење, Тијана Дапчевиќ е активна на социјалните мрежи.
Имено, таа секојдневно објавува фотографии од своите активности, ангажамани, актуелни случувања или дел од приватниот живот.
Пејачката за мондо.рс ги коментираше своите фотографии од „Инстаграм“, па и откри зошто речиси никогаш не објавува фотографии со својот сопруг Милан Дапчевиќ.
„Милан е човек од сенка. Милан е човек кој не сака претерано да се фотографира. Додека работевме заедно, додека се уште беше мој продуцент, тој беше во фазонот – оди ти да се фотографираш…Сега многу му е полесно бидејќи во последните неколку години се занимава со земјоделство и сега сум супер не морам да се сликам, да одам секаде со тебе…“ вели Тијана.
Таа откри дека добивала многу критики дека претерено објавува фотографии со нејзиниот син Вук.
„Тој е моето сонце и месец, море и езеро. Многумина ми забележуваат што често објавувам слики од Вук на „Инстаграм“. Не гледам причина зошто, јас сум јавна личност, а тој кога ќе одлучи дека не сака да се фотографира, јас ќе ја почитувам неговата желба, но дотогаш ќе се фотографира. А сака да се слика и да биде во центарот на вниманието“, вели пејачката.
Целото интервју погледнете го видеото подолу.