По смртта на нејзината мајка, радио водителката и новинарката Дивна Карлеуша, Јелена Карлеуша се повлече од јавност.
Имено, до неодамна таа не беше дел од жирито на „Ѕвездите на Гранд“ каде на нејзино место се најде нејзината пријателка и соработничка Ивана Петерс.
Меѓутоа, деновиве Карлеуша се враќа на своите секојдневни активносити, а меѓу нив и на снимањата на музичкото шоу.
Јелена деновиве беше на снимањата на музичката емисија, а оваа сабота ќе имаме прилика да ја гледаме првата емисија со Јелена по смртта на нејзината мајка.
Облечена во зелени патики и зелена комбинација, Јеца изгледа видно расположена.
Како ќе изгледа саботното издание на ова музичка програма погледнете во продолжение.