Радио Милева тешко дека ќе ја препознаете

Вака изгледаше во она време Александра Пријовиќ која во медиумите не се појавуваше под вистинското име (ВИДЕО)

Вака изгледаше во она време Александра Пријовиќ која во медиумите не се појавуваше под вистинското име (ВИДЕО)

Нема човек во Србија, а и пошироко,  кој не знае која е Александра Пријовиќ.

Пејачката е популарна и не излегува од медиумите, особено откако и стана снаа на Лепа Брена, а овие денови таа е повторно во центарот на вниманието, бидејќи таа откри дека таа и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ чекаат принова.

Двојката се венча во јуни, а оваапрекрасна вест ја чуваа како тајна дури и од Боба Живојиновиќ, таткото на Филип.

Александра ужива во љубовта со нејзиниот сопруг, љубов која се роди пред две години. И покрај тоа што сега е во брак со еден од најбогатите мажи во Србија, таа  продолжува да биде онаа скромна девојка од почетокот на својата кариера.

Пејачката иако е родена во Сомбор, детството го поминала во Бели Манастир, мало градче во Хрватска.

Кариерата ја започнала на 13-годишна возраст и на естрадното небо се појавува и претставува само како Ани.

Ќе ги сними песните „Мајко“ и „Боли секој твој збор“, но својата мегапопуларност ќе ја доживее дури по учеството во музичкото талент шоу натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ и особено по врската и свадбата со Филип Живојиновиќ.

Погледнете ги видеата и кажете дали денес би ја препознале Александра Пријовиќ во Александра – Ани од она време?

https://www.youtube.com/watch?v=uk7obx5Jy9M

https://www.youtube.com/watch?time_continue=210&v=b986pHo3iss

To top