Македонската пејачка Тамара Тодевска, пред дванаесет години беше дел од реалното шоу „Двор“ што се емитуваше на телевизијата „Пинк“ поточно во периодот од 16 јануари до 11 март 2011 година.
Во шоуто учевствуваа 24 учесници кои за главната награда од 10.000 евра требаше да останат да се натпреваруваат 45 дена.
Тамара уште тогаш многумина ја сакаа поради нејзиниот слободен начин на однесување со кој секогаш умее да направи на сите да им биде интересно, да го привлече и задржи вниманието без разлика дали некој ја обожава или не.
Но, Тамара уште на почетокот требаше да си замине и тогаш ја прекина соработката со Пинк.
Пет години подоцна пејачката се омажи за долгогодишното момче Александра Димитровски-Мачка, а двојката набрзо ги доби ќерка Хана и синот Дарен.
Сепак, по седум години, тие се разведоа, а Тамара веќе има друго момче кое јавно го покажува и ужива во новата љубов.
Фото: Принтскрин/Инстгарам/Јутјуб/Тв Пинк