Додека Дарко Лазиќ е се’ уште в болница каде се бори и со последиците од страшната сообраќајна несреќа и со одвикнувањето од дрогата, неговата доскорешна сопруга, исто така познатата пејачка Ана Севиќ, се уште важи за една од најатрактивните дами на естрадната сцена. Иако никогаш не криела дека со естетската хирургија ги зголемила усните и градите, сепак собира комплименти за нејзиниот изглед.
Таа стана позната како и Дарко, благодарение на музичкиот натпревар “Ѕвездите на Гранд” во кој се натпреваруваше во петтата сезона на 2010 и 2011 година. За жал, Ана не успеа да се пласира во финалето на овој натпревар, но “Гранд” ја задржа и и’ даде можност да биде водителка на шоуто, но и да снима песни за оваа продуцентско-издавачка куќа.
Последниве години, таа го водеше шоуто “Некои нови клинци” и беше посветена на воспитанието на нејзината ќерка, а по разводот и сообраќајката на сега веќе нејзиниот бивш сопруг, наскоро планира да се врати на музичката сцена со нови песни.
Но, Ана отсекогаш ниту оддалеку не изгледаше вака како што изгледа сега. Како изгледаше Ана Севиќ на своето деби пред осум години во аудиција за “Ѕвездите на Гранд”, погледнете во видеото во продолжение.