Кралицата Елизабета II и нејзиниот сопруг принцот Филип, одлучиле овогодишните празници да ги поминат во замокот Виндзор, а традиционалното китење на елката е во тек.
Оваа традиција потекнува од 18-ти век, а ја вовела тогашната кралица Шарлот. Првобитно не се користела елка туку тиса која што се поставувала околу и во палатата.
Првата популаризација на богатото китење и божиќната еуфорија станала дел од традицијата во текот на владеењето на кралицата Викторија и принцот Алберт.
View this post on Instagram
Кралицата Елизабета II и нејзиниот сопруг принцот Филип одлучиле овогодишните празници да ги поминат во замокот Виндзор.
Иако оваа година се разликува по многу работи од останатите, тие не сакале празничното расположение да го поминат без декорации – сијалички и прекрасно декорирана елка од седум метри.
View this post on Instagram
Тимот од замокот деноноќно работел за да ја заврши декорацијата и да создаде свој празничен дух.
Елката од седум метри го украсува ходникот на најголемата просторија во замокот.
Елката украсена е со дури 3.000 сијалички и декорирана е во класичен божиќен стил – со црвени детали.
извор:точка.ком.мк